УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ НА ДИМИТРОВ, ЗАЕВ И ОСМАНИ: Германската влада побара Датум за преговори за Македонија!

Објавено на 22.05.2019 во 15:26:44 часот | Македонија

Германската влада побара на Македонија да и се додели Датум за преговори со Европската унија. Барањето е упатено во Бундестагот, а федералниот законодавен дом е тој што треба да донесе одлука дали ќе го поддржи отворањето на поглавјата од страна на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Ова го потврди државниот секретар за европски прашања во министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот. Тој испратил писмо до Бундестагот во кое се наведува дека согласно заклучоците од европскиот совет од 26 јуни 2018 година, Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори со ЕУ во јуни 2019 година.

„Федералната влада на Германија смета дека европската комисија ќе даде позитивна препорака за отварање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија“, потврди Рот за медиумите.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет