ПЕНДАРОВСКИ ГО КОМПЛЕТИРАШЕ СВОЈОТ КАБИНЕТ, СЕ СЛУШНАЛ СО ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА МИЦКОВСКИ И ДОГОВОРИЛЕ СРЕДБА ЗА ОВИЕ ДЕНОВИ!

Објавено на 22.05.2019 во 14:09:01 часот | Македонија

Оформен е Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и веќе се познати имињата на неговите членови.
 

Миле Бошњаковски е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, Билјана Радева е прес офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров е советник, Биљана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми, Љуљета Адеми е советничка која ќе ја води комуникацијата со лица со посебни потреби.

Надворешни советници се Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.
 
Како надворешен соработник бил поканет и Блерим Река, но одбил формален ангажман.

Како што дознаваме, Пендаровски нема намера да брка вработени во Kабинетот, надвор од надлежностите и законските овластувања.

Пендаровски го назначил Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.

 
Кабинетите на претседателот и на лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски се во постојана комуникација и во скоро време се очекува нивна средба.
 
Првата надворешна посета на новиот претседател ќе биде на Брисел, најдоцна до 20 јуни, заедно со министреот за надворешни работи Никола Димитров.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет