ПОЛИТИКАТА Е 90% ЛИЦЕМЕРИЕ И ГЛУМЕЊЕ ЛУДИЛО: Срдечна среба на Села со Пендаровски, иако Алијанса му тераше невидена црна пропаганда и го преставуваше како македонски Аркан!

Објавено на 22.05.2019 во 13:18:04 часот | Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Села, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во неговата работа.

На средбата се разговараше за политичката состојба во Република Северна Македонија и исполнување на стратешките цели и задачи во пресрет на значајниот период за државата.

Претседателот Пендаровски повика на одговорен пристап на сите релевантни политички чинители во насока на исполнување на реформската агенда, а со цел напредок во европските и евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски ја нагласи потребата политичките партии, и од власта, и од опозицијата, да демонстрираат заедништво, во функција на реализација на интересите на државата.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет