ГОЛЕМ ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА СДСМ: ДЕТСКИ ДОДАТОК НАМЕСТО 3.200 ЌЕ КОРИСТАТ 73.500 ДЕЦА, ИЗГЛАСАН ПАКЕТОТ ЗАКОНИ ЗА СОЦИЈАЛНА РЕФОРМА!

Објавено на 22.05.2019 во 00:42:28 часот | Македонија

ДЕТСКИ ДОДАТОК НАМЕСТО 3.200 ЌЕ КОРИСТАТ 73.500 ДЕЦА, ИЗГЛАСАН ПАКЕТОТ ЗАКОНИ ЗА СОЦИЈАЛНА РЕФОРМА

Со Законот за социјална заштита се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост - Лична асистенција и услугата Домашна нега;- Министерката Мила Царовска. (Фото: СДК.МК)

За 20 пати се зголемува бројот на деца што ќе го користат детскиот и образовниот додаток, со трите пакет закони за социјална реформа кои денеска беа изгласани во Собранието. Првите исплати на зголемената парична помош за 300 отсто се очекуваат од идниот месец.

Детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Се воведува и социјална сигурност за стари лица кои останале без старосна пензија и немаат други извори за егзистенција

„Со пакетот закони директно работиме на намалување на детската сиромаштија ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и за првпат воведуваме Закон за социјална сигурност на старите лица. Целата реформа ја работевме во широка консултација со сите засегнати страни и тоа ни дава за право да веруваме дека истата таа ќе ги постигне и своите резултати. Не само што воведуваме минимален адекватен приход или повеќе финансиски средства кај најсиромашните, туку воведуваме и услуги кои што директно овие лица ќе ги носат до вработување, а децата до предучилишно образование во целиот образовен систем “, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Со Законот за социјална заштита се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега. Дополнително, правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува и изнесува до 50 отсто од просечна нето плата.

„За дополнително да го олесниме животот на биoлошките семејства на лицата со попреченост, го зголемуваме износот на правото на посебен додаток за 15 отсто. Се развива и услугата за домашна семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на другите членови на семејството“, рече министерката Царовска.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет