ВНИМАВАЈТЕ: АКО ГИ ЗГОЛЕМИМЕ КАЗНИТЕ ЗА ПЕДОФИЛИТЕ, ЌЕ КРЕИРАМЕ СЕРИСКИ УБИЈЦИ, АМЕРИКАНСКОТО ИСКУСТВО ГО ПОКАЖУВА ТОА!

Објавено на 21.05.2019 во 15:18:43 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Го разбирам бесот на јавноста кон педофолите. Нивните злодела кон децата се страшни и кошмарни.

Но има една работа околу целата приказна што мора да го имаме на ум, а доказ за тоа е Америка.

Таму силувањето воопшто како процес кон секого е најстрого казнето, па и силувањето на деца. Казните се доживотен затвор па дури и смртна казна, како што сега се изгласа во Србија.

Но тоа резултирало со нешто многу пострашно во Америка.

Како резултат на тоа законодавство, силувачите за да се спасат од прогон стануваат сериски убијци и сите жртви кои ги силувале потоа ги убиваат за да ги скријат трагите.

Пред тие строги казни, имало само сериски силувачи, но потоа истите станале сериски убијци.

Затоа во 70-тите, 80-тите и наваму врие во Америка сериски убијци кои дури сега се откриваат со помош на ДНК анализата која стана многу точна и ефтина метода за форензично откривање на убијци.

Едноставно овие силувачи и педофили имаат толку силен нагон да го прават тоа силување што казната нема да ги одврати туку само ќе ги мотивира повеќе да одат во обидот да ги скријат трагите за своите злодела, а  за жал најсилен метод на скривање на трагите е да ја убиете жртвата и да ја закопате во некоја шума. Тоа го покажува искуството во САД каде сите сериски убијци се служеле со таа метода.

Па ако и ние на балканот одиме по тие стапки, само ќе ги мотивираме педофилите и силувачите да станат сериски убијци и ние еден ден да почнеме да откриваме лешеви по шумите во земјва а во меѓувреме мистериозно ќе ни исчезнуваат се повеќе деца и жени.

Ова е убедливо најгрозната колумна што сум ја напишал, но само свртувам внимание до јавноста за некои работи кои се грозни но вистините и треба да ги имаме на ум кога ќе лобираме за вакви или онакви закони.

Наместо строги закони и строги затворски казни, за педофилите треба хемиска кастрација и помош од општеството да се справат со своите нагони кои се опасни за околината т.е за децата.

Истите треба да се обзнанат и стават под надзор, но не треба да ги казнуваме до бесвест за да не ни станат сериски убијци, тогаш штетите ќе бидат далеку поголеми.

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија