ГРЕШИМЕ ДУША СО НАПАДИТЕ КОН ДУИ, ДУИ ОВИЕ 5 ГОДИНИ Е ЛОКОМОТИВА НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН КОЈА ВЛЕЧЕ СО ПОЛНА ПАРЕА КОН ЕУ И НАТО!

Објавено на 21.05.2019 во 14:04:33 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ДУИ овие 5 години е вистинска локомотива на нуклеарен погон која влече кон ЕУ и НАТО!

Треба да се многу интелектуално мрзлив за да не го видите тоа.

Пред некое време пишував за улогата на ДУИ во ослонодувањето од режимот и спасот од Сиљановска.

Сега ве потсетувам за улогата на ДУИ во влечењето на земјата кон ЕУ и НАТО.

И големата жртва која ДУИ ја трпи на своја штета заради таа света кауза.

Мислите дека Алијанса, БЕСА и останатите партии земаа толку многу гласови од ДУИ само затоа што ДУИ умира како партија или пак е пресметана жртва на ДУИ за доброто на Северна Македонија?

Мислите дека ДУИ не може да бидат поголеми Албанци од БЕСА и Алијанса?

Па ДУИ се УЧК бре луѓе мои!

Но ДУИ овие 5 години се понаша како Албанска Либерална Партија баш заради каузата ЕУ и НАТО!

ДУИ дури е и некаков фактор на помирување меѓу СДСМ и ДПМНЕ, значи некогаш се дури и во улога на дадилка на двете затепани деца разгалени иако сепак многу поголема е вината во ДПМНЕ отколку во СДСМ.

ДУИ дури и го помага СЈО иако СЈО има дузина на предмети баш против ДУИ!

До таму оди нивната спремност земјата да оди напред.

Мислам дека треба да прекине оваа црна пропаганда која се води против ДУИ овие денови која е неправедна и нефер спрема улогата и заложбите и жртвите на оваа партија.

Да, таа е на власт веќе 20 години, но Албанскиот народ така одлучи и тука нема лутење.

Се чини Албанците многу ги ценат оние кои беа спремни да загинат за нивните права, и тоа го гледам на сосема логична и природна работа.

А да не потсетувам пак за лобирачката моќ на ДУИ во ЕУ и САД, особено во САД каде што Албанското лоби е толку моќно што може за 24 часа да ви обезбеди прием кај потпретседателот на САД па дури и во Ер Форс Оне ако човекот е на некоја турнеа по светот.

Така што уште еднаш, фала ти ДУИ што работиш за Северна Македонија а не против Северна Македонија!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија