Премиере, се надевам дека си свесен дека многу копилиња ја злоупотребуваат твојата добрина, знаеш дека твојата добрина е твојата најголема слабост како политичар??

Објавено на 21.05.2019 во 13:46:39 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Голема телевизија ја рекетира владата со црна пропаганда затоа што е љута за судскиот процес против неа од еден близок советник на Заев каде првостепено се осудени на оштета од 300 000е и сега ја користат моќта на телевизијата да го уценат Заев да ја убеди својата советничка да се откаже од судскиот процес?! Последица - Заев си трпи црна пропаганда, телевизијата дивее, народот урла!

Уредник на два големи медиуми му се одмаздува на Заев затоа што не го слуша и не му се јавува редовно за совет, секој ден тој уредник со двата медиума му креира лажни скандали, му прави хајки, црна пропаганда, невидена хистерија се крева... Последица - Заев како што го дал господ дури и му оди на прослави на тој уредник, уредникот и понатаму дивее, народот урла и хистерише...

Директори на големи државни компании каде што се уште директори се луѓе блиски на претходниот режим одбиваат да се рекламираат кај про владини медиуми, а буџетите се огромни за куртон медиумите каде уредници се куртони верни на Грујо кои креираат секој ден лажни вести?! Последица - Заев не ги менува тие директори, времето си врви, куртон медиумите и лажните вести се спонзорираат со државни пари?!?!

Секој шупак што не добил функција или не бил ухлебен излегува на телевизија или портали и лом ја прави владата, но Заев како што е мек сето тоа го толерира, не им одговара си молчи, последица - копилињата вриштат и урлаат прават невидена паника, народот паничи, владата си молчи...

И ред така безброј случаи, сите ја злоупотребуваат добрината на Заев, тоа што решил да владее поштено, меко, демократски, па кој стигне му се качува на глава и игра оро!!!

Кој стигне го уценува, му се одмаздува, но знае дека никој ништо нема да му фали, затоа глувците оро играат затоа што мачката е од Муртино, и само се гали и преде, не гризе нити ржи!

Друга песна ќе беше Заев да имаше само 10% од клетоста и суетата и егото и диктаторството на Грујо, ама јбг, тоа е, ќе мора да ги трпиме сите копилиња во името на демократијата и во името на добрината на премиерот.

Понекогаш посакувам да не беше толку добар и мек Заев, но таков е.

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија