ОЈО ќе побара помош од Интерпол за откривање на Илија Громовник

Објавено на 17.05.2019 во 17:40:48 часот | Македонија

Основното јавно обвинителство побарало од Русија да помогне за откривање на идентитетот на лицето кое се крие зад псевдонимот Илија Громовник, кој честопати објавува нови „бомби“ поврзани со луѓе од политичкиот и бизнис врвот на Македонија, пренесува 1ТВ.

Имено, доколку Русија не се огласи, ОЈО ќе се обрати до Интерпол и ќе побараат да стапи во контакт со тамошните власти за да се обезбедат информации за објавувачот на аудио снимките.

Ако и напорите преку Интерпол да се влезе во траг и да се спречи Громовник не успеат, тогаш обвинителството ќе бара меѓународна правна помош – процес што би траел многу подолго.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет