Михајловски ја призна вината и му се извини на Тричковски

Објавено на 17.05.2019 во 14:57:30 часот | Македонија

toni-mihajlovski-konvencija

Тони Михајловски ја призна вината за јавната закана дека „може да ме убие без око да му трепне” и му се извини на Бранко Тричковски. Истовремено, и тој и неговиот адвокат, ветија дека никогаш повеќе Михајловски нема да стори дело за кое денеска беше суден и какви било други кривични дела.

Мојата маланекост сметаше дека е тоа доволна сатисфакција, односно, му пружив рака на Михајловски, се откажав од натамошен прогон и какви било оштени барања. Пресудата ќе биде накнадно доставена и објавена, но, веќе сега е јасно дека, со оглед на горните околности, Михајловски ќе ја добие најблагата казна. Јас сум задоволен, а колку што можев да забележам, сите во судницата беа задоволни. Тони, од разбирливи причини, посебно.

А, бе Тричко, си реков на излегување, па ти влезе во шемата на националното помирување која толку многу ја проблематизираш во колумните.

Да, му одговорив јас на Тричкота, има случаи во кои ваквите разрешици се добри, не е убаво да се тепаме по секоја цена, ако имаме правна и морална сатисфакција, нормата е задоволена, освен тоа мораме да ги ослободуваме капацитетите на судот и на обвинителството за важните процеси кои ќе не одведат кон општествена рехабилитација низ правото.
Упатувам благодарност до Здружението на новинарите на Македонија за ставот да ме заштити мене и сите колеги со кривичната пријава против Михајловски и упатувам признание до Основното јавно обвинителство и до Основниот суд Скопје 1, за брзата, ефикасна и правно издржана постапка.

Извор: Фејсбук статус на Бранко Тричковски

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет