СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека намали со лажните вести, нема никакви скандали во јавните набавки во здравството – Потврди и обвинителството

Објавено на 17.05.2019 во 11:09:23 часот | Македонија

Нема никакви скандали во јавните набавки во здравството, нека намали ВМРО-ДПМНЕ со лажните вести. – велат од СДСМ.

Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да го напушти овој систем на прес конференции единствено базирани врз лажни вести односно невистини.

Серија на вакви и слични прес конференции полни со невистини за јавните набавки во здравство ВМРО-ДПМНЕ држеше и во минатото па се потврдија како класични лажни вести.

Обвинителство за гонење организиран криминал јавно соопшти дека јавните набавки во здравството се кристално чисти за што се прекинати предистражните постапки.

Јавните набавки, меѓу кои за лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи, набавката за биореагенси и тестови на крв, изградбата на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип и јавната набавка на лекови во ЈЗУ Клиника за хематологија се согласно сите законски постапки.

Ги разбираме сите фрустрации на ВМРО-ДПМНЕ, од неуспехот, од поразот на изборите, од тоа што граѓаните им кажаа НЕ. Но, причините за тоа ВМРО-ДПМНЕ треба да ги побара внатре, кај себе и кај Христијан Мицкоски.

Формирањето на Јавното приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции е унапредување на системот за стерилизација и намалување на ризикот од пост-оперативни инфекции.

Преку четири Регионални Центри за интегриран менаџмент за стерилизација, се излегува во пресрет на потребите на Универзитетскиот Клинички Центар и за другите болници во државата коишто имаат оперативни блокови.

На тој начин ќе се обезбеди замена на постојната и повеќедецениски дотраена опрема и инструменти со нови, персонализиран комплет стерилни хируршки инструменти за секоја операција, поединечно, стерилен медицински материјал во хируршките сали и дезинфекција на хируршки сали и простории.

Сето тоа е во функција на унапредување на условите за работа во здравството и унапредување на грижата кон пациентите, вредности кои за ВМРО-ДПМНЕ се целосно непознати. – потенцираат од владејачката партија.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет