БОЧВАРСКИ ДРЖИ ЛЕКЦИЈА ПО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА: После 65 години нов мост на Брегалница, инвестиција од 1 милион евра!

Објавено на 16.05.2019 во 23:56:32 часот | Македонија

Штип, 15.05.2019

Во халите на Актива ДОО привршуваат работите на челичниот мост кој ќе биде поставен на реката Брегалница и преку кој со индустрискиот дел на градот ќе се поврзат најголем дел од поновите штипски урбани заедници. Мостот е дел од новиот пат во должина од еден километар кој тргнува од крајниот дел на населбата 8 Ноември и завршува кај новиот кружен тек во близина на фабриката за чевли Баргала.

02

-Челичниот мост е долг 60 и широк десет метри тежи 240 тони, а на едната негова страна ќе има и патека за пешаци. Планираме мостот да го поставиме во текот на идниот месец, време во кое на оваа патна насока ќе се постави и вториот асфалтен слој, вели Иле Николов, директор на Актива.

Последен голем мост на реката Брегалница која го поврзува градот со индустрискиот дел, неколкуте населби и со патните правци кон Скопје и Кочани е изграден на почетокот од шеесеттите години. Тоа е бетонскиот мост кој е познат по тоа што при самата градба се сруши, а имаше и жртви. Во ова меѓувреме Штип се разви, доби повеќе нови населби, значајно се зголеми индустријата но и бројот на моторни возила па нов мост и ново сообраќајно поврзување на градот му беше неопходно.

01Преку новиот мост на многу поквалитетен и побезбеден начин од досега со индустрискиот дел и излезот од градот ќе се поврзе половина од Штип и жителите на населбите Сењак, Баби, Дузлак, 8 Ноември, Автокоманда. Овој мост, всушност, решава стратешко важно прашање за работниците од штипските фабрики, за индустријата, за безбедноста во собраќајот, а во исто време ќе ги растовари бетонскиот и камениот мост на Брегалница.

Штипјани подолг период се прашуваа што станува со мостот и обиколницата која сообраќајно ќе го растовари градот. Иле Николов вели дека во прашање била задоцнетата ревизија на главниот проект без која ревизија не е дозволено поставување мост над река.

„Ревизијата ја вршеше Градежниот факултет во Скопје, катедра за челични конструкции но таму беа презафатени со други работи. Втората причина е во сложеноста на ваков тип на мостови поради специфичноста на самата конструкција што бара една посериозна анализа и апсолутна сигурност во безбедносните карактеристики“, појаснува Николов.

Во ова меѓувреме е направена успешна ревизија на основниот проект по што веќе пет месеци во производните хали на Актива активно се работи на изработката на мостот. Бидејќи останатиот дел од обиколницата во должина од еден километар деновиве ќе биде комплетно завршена со поставување втор асфалтен слој, создадени се предуслови од идниот месец регионалниот центар на истокот од државата да реализира проект кој е децениска желба.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет