ЗЛАТКО МАРИН: Јавното претпријатие „Градски паркинг“ воведува зонско паркирање зад „Три бисери“. Станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром ќе можат бесплатно да паркираат до три возила што се водат на иста адреса

Објавено на 16.05.2019 во 21:31:43 часот | Македонија

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ воведува зонско паркирање зад „Три бисери“. Станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром ќе можат бесплатно да паркираат до три возила што се водат на иста адреса.

Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром.

Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во кол-центарот што се наоѓа зад ТЦ „Бисер“.

Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП „Градски паркинг“, а можат да се информираат и на тел. број 389 02 3215 566.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет