Тимот на Адора инженеринг денеска ги пречека матурантите, децата на нашите вработени, Патрик Коршул, Кристина Младенова, Сара Маџовска и полуматурантот Павел Стојановски

Објавено на 16.05.2019 во 21:27:58 часот | Македонија

Адора инженеринг ги пречека матурантите

Тимот на Адора инженеринг денеска ги пречека матурантите, децата на нашите вработени, Патрик Коршул, Кристина Младенова, Сара Маџовска и полуматурантот Павел Стојановски. Генералниот директор на Адора проф. д-р Ванчо Чифлиганец, пренесувајќи им го на младите свооето животно искуство им испрати силна, поучна порака дека само со честито работење, со труд, со насмевка, со љубов, со верба во себе можат да успеат во животот.

Им порача дека кога животот е добар треба да прославуваат, а кога е тежок тогаш созреваат, да не се откажуваат никогаш и секој лично само со своите способности да се бори за да успее. Зборуваше и за љубовта, им посака да се вљубат кога се подготвени, а не кога се осамени, во животат да бидат позитивни и да зборуваат на единствениот светски јазик, јазикот на љубовта, да си го почитуваат семејството, корените. 

„Вашиот живот е креација на Вашите мисли. Не чекајте Вашиот брод да доплови до Вас, Вие пливајте до него. Вие сте нашата младина, идните академски граѓани, иднината на нашата држава. Одберате студии според Вашите афинитети, но пред се треба да знаете дека секоја диплома стекната со напор, труд, пожртвуваност и љубов носи радост во срцето на целото Ваше семејство и на Вашата земја Македонија“, им порача на матурантите, проф. д-р Чифлиганец.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет