ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: А, бе, глупаци, да не даде господ да ви треба масло од канабис. Се разбираме ли!?

Објавено на 16.05.2019 во 14:07:19 часот | Македонија

Лаење на семафори

На озлобената маса и е сеедно на што ќе лае. Усраните гаѓи или украдените пари се добар предизвик, но може убаво да се лае и на семафори или на полна месечина. Еден главен уредник, да речеме, обожава да лае на ветер и магла. На секој шум. Никогаш не сере в поле затоа што се плаши дека тревките пред него не ги ниша благото ветре туку некој гладен лав. И тогаш се стиска и доаѓа и се празни во градот. Који је тако велик град да у њему има места за све. Вели Бајага. Сераторе, велам јас.
Хахаха!

Тие што лајат немаат свест за себе и за околината, надвор од лајот. Тие се како сирените за узбуна по повод некоја природна катастрофа или атомски напад с лева. Тоа се вика функционална или произведена хистерија.
Маслото од канабис помага кај некои болести, можеби, дури, и ги лечи, не знам, но на болните им помага, тоа е сигурно, им го продолжува животот и им го подобрува квалитетит на животот. 
Но, знае и да ги разбуди сирените како што моторџиите ги будат заспаните кучуња на плоштадотот и тие уште нерасонети тргнуваат во напад.
Тоа што државата им го прави на луѓето преку разни забрани за набавка и употреба на овој препарат, не е израз на правото и законот туку злосторство кон сопствените граѓани. Никој, па ниту државата, нема право да ме спречи да ми биде макар малку подобро кога сум, да речеме, болен од рак. 
Крај!

Трговијата со тоа масло е слободна. На интернет можете да купите и масло и други производи од канабис. Некои се подобри, некои се полоши. Една жена, Анѓа Мариќ, позната тв водителка, тврдеше дека маслото од Австрија и Италија е супер, додека маслото од Хрватска и мириса на урин.
Полека, многу бавно, се оди на легализација. И повторно со некаков монопол на државата. Која ни приближно не е толку строга со алкохолот или со една друга психотропна супстснца: корупцијата! Или кон лудаците кои парадираат по телевузиите! Во меѓувреме, со големи жртви. Деца завршуваат по затвори. И не само деца. Кили ми софтли. Се сеќавате на таа афера, не.

И еве го сега Павле, го растргаат како бесна глутница волци. Телефонски порачал масло. Да го кажел дилерот. Да одговарал. А, бе, глупаци, да не даде господ да ви треба масло од канабис. Се разбираме ли!?

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет