НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО НАС, ДУИ НЕ СПАСИ ОД ГРУЈО И МИЈАЛКОВ, ДУИ НЕ СПАСИ ОД СИЉАНИЦА, И НИЕ УШТЕ ПЛУКАМЕ ПО ДУИ?!?!

Објавено на 16.05.2019 во 13:26:16 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ние понекогаш сакаме да си бладаме на трезно. Тоа во земјава е омилен спорт, бладање и лупетање како да се работи за некаков паралелен свет.

Овие неколку години мода е да се плука и хејта ДУИ.

А реалноста е многу поразителна за нас.

Ние, ГРАЏАНСТВОТО не се ослободивме од ВМРО ДПМНЕ, ДУИ ни помогна во тоа!

Ние, ГРАЏАНСТВОТО не се спасивме од Сиљаница, ДУИ ни помогна во тоа!

Епа за кој крив к.. тогаш плукаме по ДУИ?!?!

Што ние уште сакаме од ДУИ по ѓаволите?! Да дојде дома да ни направи ручек и да ни ги измие садовите?!

Не ви се верува во ова погоре? Знаете ли колку освои СДСМ и коалицијата во 2016-та? 30 000 гласа помалце од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата!

Да не беше ДУИ да го прекршат СВОЕТО правило за коалицирање ПОБЕДНИК СО ПОБЕДНИК, ние сеуште ќе ја имавме ВМРО на власт, и ден денес, во 2019-та, затоа што ГРАЏАНСТВОТО ТАКА ОДЛУЧИ!!!

За Стево, ваљда знаете, свежо е, Стево освои едно 60 000 гласови поќе од Сиљаница, што значи без гласовите на ДУИ кои се околу 80 000, Сиљаница ќе си беше прецедник и сега ние ќе се заебававме со нејзините лудории!

И така ќе беше затоа што македонското ГРАЏАНСТВО така си одлучи!!!

Па така, дај да престанеме да јадеме трици за ДУИ, затоа што они овие 2 години одат по нас ГРАЏАНИТЕ и метат наши лајна затоа што сме неспособни да избереме каде треба да се движи земјава.

Да не беше ДУИ, Македонија сега ќе беше сеуште чмар на Европа и светот, на ДУИ треба споменик да им направиме, а не по цели денови за нив г... да јадеме.

ДУИ во моментов е најтрезна и најодговорна политичка групација во земјава, и ако ги немаше, црно ни се пишуваше за век и веков.

ФАЛА ВИ ДУИ ЗА СЕ!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија