Премиере, батали метли човече, овие веќе го кренаа влогот и ја бараат твојата глава! Премиере тебе не ти треба метла, тебе ти треба микрофон во рацете, т.е медиска поддршка, медиумите те раскинаа бе друже, лом те направија, партали!

Објавено на 15.05.2019 во 23:07:24 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Маме ти расплакаа медиумите премиере, сите, и куртонски, и неутрални, и мејснтрим и порталчиња и весничиња, сите ти се мајка натракаа...

Му дужам извинување на Геро ја мислев само он е, а он бил само најекспониран, сите бре мислеле како него и разни Теменугови, Секуловски, Чадиковски, па дури и еден Горан Михајловски...

Ја гледав дебатава на ТВ 24 вчера и уште сум во шок. Уредници на медиуми два саата урлаа, се тепаа меѓу себе кој повеќе ќе ја исплука владата и тоа со најбанални глупости, фејк њуз клепаници извадени од газ, буквално ја расчеречија владата, човек да помисли дека владата ја води Кили а не Заев...

Премиере, батали метли човече, овие веќе го кренаа влогот и ја бараат твојата глава!

Веќе на метлата се гледа како на една добиена битка, и веќе одат на втора битка, сега твојата глава ја бараат и веќе почнуваат да кројат планови што по падот на власта на СДСМ?!

Веќе те закопаа овие политички човече ти со метли се заебаваш?!?!

Замисли Геро пред некој ден на Канал 5 вика, дека освен Никола Димитров и ти, сите други во влада требало да добијат метла?!?!

И една Мила Царовска која е најдобар министер за труд и социјала што сме го имале досега во историјата?!?! Жената воведе минимална плата од 200е, социјална помош од 200е, детски додаток ќе земаат 70 000 деца, старечка пензија за сите, покачени пензии, ги затвори сите големи мегаломански домови за сираци и сите деца ги прати во мали семејства за децата да си растат како сите нас во фамилијардна атмосфера, жената е ДИНАМИТ!

И еден Кочо Анѓушев кој држи лекции по економија теориски и практично и што донесе веќе рекордни инвестиции а тек почна со работа човекот?! Го спаси ФЕНИ од колапс со што на Кавадарци му донесе инвестиции од 100 милиона евра и годишни приходи од десетици милиони евра наредни 10-20 години?! Па само за ова он треба да добие преодна оценка за наредни 4 години од мандатот!

И еден Венко Филипче кому му успева конечно да го консолидира македонското здравство кое беше одамна отпишано од сите?!

Една Радмила Шеќеринска која сосема солидно ја води и онака мирната и досадна функција шеф на одбрана?

И еден Оливер Спасовски кој трча на сите страни, купува опрема, реновира полициски станици, реформира тајни служби, полека но сигурно го враќа сјајот на МВР од МВРО?!

Еден Тевдовски кој некако со судни маки успева да го консолидира долгот и да крева плати да дели капитални инвестиции да враќа дугови да плаќа ДДВ на време?!?!

Да не ги бројам и солидните Љупче Николовски, Манчевски итн...

Роберт Поповски со медиумите тера едно демократско темпо каде медиумите се најслободни што биле некогаш во нашата историја, плус ги спаси пишаните медиуми од затворање...

Рената Дескоска мака мачи да го реформира судството во мачни преговори со копилињата од ВМРО ДПМНЕ...

Горан СУгаревски откако ги откочи заглавените проекти почна да гради насекаде во земјава и сега има над 80 градилишта во земјава од мали до најголеми автопати сите вредни над 1 милијарда евра...

Па дури и Јани Макрадули успева да го засени заспаниот командант вентили и прави добри работи со разни субвенции за вакви печки за онакви радијатори, гасоводи, со Петре Шилегов заедно прават се Скопје наредна зима да не биде задушен... Но тука во екологијата треба најмногу да се работи.

ИТН ИТН ИТН...

Но никаде нема БРАВО никаде нема АЛАЛ ДА ИМ Е, само кењање, урлање, офкање, плукање и пцуење.

Премиере, не бива вака, мора да им наредиш на портпаролите да држат ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА СЕКОЈ ДЕН И ТОА КАСНО ВО 22 ЧАСОТ каде ќе одговорат на сите лажни вести преку денот, на сите неосновани критики, сите глупи колумни и тези, значи демократски, без цензура, само еден демант во живо секој ден, а некогаш и ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ВИДИМЕ СО НИВ ЗАСТАНАТ, И ТИ ЌЕ СЕ БОРИШ ПРЕМИЕРЕ!!!

За твојата политичка кожа се работи! БОРИ СЕ ЗОКИ! НЕ СЕ ПРЕДАВАЈ!

Ми делуваш како да си се предал, како да си се помирил со поразот како да веќе ја сонуваш плажата на која ќе се печеш откако ќе бидеш симнат од власт за две години?!

ЗАРЕМ ЗА ОВА ГИНЕВМЕ, ЗА ТОЛКУ МАЛКУ, ПА НЕЛИ ТРЕБАШЕ ЕДНА ДЕКАДА ДА ЈА КРЕВАМЕ ЗЕМЈАВА ОД ПЕПЕЛТА?! ПАК ЛИ ЌЕ ЈА ПРЕДАДЕМЕ НА ЛУДИТЕ КОПИЛИЊА ВО ВМРО ДПМНЕ?!?!

Ајде премиере, рано е за пораз, има најмалку уште еден мандат во тебе!

И на некој начин, морам да ти го кажам ова дури и да ми се налутиш, но ти со твојот спуштен гард ги оставаш на ветрометина своите другари од партија кои сега се жртви на твојата претерана демократичност што се граничи со политичко самоубиство.

Едно е да дозволиш секој да збори што сака, но сосема друго е да одбереш на тоа да не одговориш и да не се браниш како знаеш и умееш без да ја нарушиш демократијата, ова е веќе камикази политика друже Зоки и не е убаво за твоите соборци кои сега ќе мора да ги метеш за да задоволиш нечии налудничави хистерични каприци!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија