Друже Павле Богоевски, немој да те чуди и разочарува злобата и жестокиот напад кон тебе, твојот најголем грев е што си близок соработник на Зоран Заев и што беше лидер на Шарена Револуција, тоа те прави силна мета за безмилосно черечење!

Објавено на 15.05.2019 во 23:03:04 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Два смртни грева имаш друже Павле што тоа нема да ти биде простено додека си жив, и пази ова ти го збори паталец а не гаталец.

Ти си близок политички соработник на Зоран Заев и плус си симбол на една Шарена Револуција, моќно движење кое му помогна на СДСМ да се сружи еден мафијашки деспотски режим!

Затоа немој да бидеш изненаден колку силно и безмилосно ќе бидеш маван медиски, злобата и хостеријата ќе бидат импресивни, затоа што те напаѓаат сите што ем го мразат Заев ем што не можат да ти простат што ВМРО падна од власт.

Значи многу си наебал!!! Има да те лупаат и од лево и од десно и од центарот, има многу незадоволни што не се веќе на врвот и што не им брка рачето во медот, гладни се бесни очајни злобни!

Биди ми спокоен друже. Ништо лошо не си направил, а и да си направил, секој греши, ситни се тие наши гревови...

Не си уништил човечки животи, не си уништил држава, цела генерација, не си украл народни пари, не си кренал објекти со динамит!

Издржи ја харангата, ќе помине за три дена, горе главата, со тебе сме!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија