Кој чека ќе дочека. Борец по 18 години се врати во Првата лига. Велешани денеска слават, имаат и зошто. Со головите на Христов и Ѓорѓиев тие ја победија Брегалница и со тоа го „заверија“ својот пласман во елитната лига. Честитки за момците на стратегот Горазд Михајлов кој навистина оваа сезона беа најдобри.

Главен спонзор на ФК Борец е бизнисменот Кочо Анѓушев.

Во второто дерби, Тиквеш во Кавадарци одигра само 0:0 против Кожув и со тоа успеа да заврши на втората позиција и да игра бараж за пласман во Првата лига. Тоа ќе биде дуел меѓу Тиквеш од истокот и Лабуништа од западот. Кит Го немаше никакви проблеми против Плачковица на гости, победи со 4:0, но сепак не успеа да се помести некое место погоре на табелата. Саса го победа Партизан Обршани.