БОМБА НА МАКТЕЛ: Хорхе денеска го поканил Пендаровски на Водно, имале пола часовна средба во која договориле како ќе оди примо-предајата на кабинетот и должностите

Објавено на 07.05.2019 во 16:50:34 часот | Македонија

Мактел дознава од сигурно извори дека денеска на покана на Иванов се одржала пола часовна средба во вилата Водно меѓу Пендаровски и Иванов на која се разговарало за начинот и процедурите за примопредаја на кабинетот и должностите на претседателот.

Планирано е главниот настан да биде на 12-ти мај, претходно Пендаровски ќе даде свечена заклетва во собранието.

Потоа ќе оствари средба со генералштанбот на АРМ, и со министерот за надворешни работи со оглед на тоа што тоа се главните надлежности на претседателот, тој е врховен командант на армијата и заедно ја води со владата надворешната политика.

Дознаваме дека уште сега Пендаровски планирал серија на посети на метрополите во северо-западната хемисфера, од Брисел преку Берлин, Париз, Лондон, Рим, Амстердам, Вашингтон, Њујорк, Торонто итн Пендаровски планирал една силна лобирачка турнеја каде ќе се борел за брзо комплетирање на влезот во НАТО и лобирање за старт на преговори со ЕУ.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет