ОВИЕ СЕ ЖИВА КОМЕДИЈА - Jанушев: Ќе поднесеме кривични пријави и приговори за поткуп, агитирање и групно гласање

Објавено на 07.05.2019 во 00:13:48 часот | Македонија

Граѓаните покажаа дека бараат промени, им удрија тешка шлаканица на политиките на Заев и власта. Македонија гласаше против криминалот, коруцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ. Гласаше против наместените тендери, ароганцијата, нерешавањето на проблемите, против животот кој стана пекол, изјави Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, резултатот на изборите е извојуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана и народот. „Сами на избори против сите други. Против целиот државен апарат и сите други механизми што тие ги ставија во функција. Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во 42 општини. Да беа локални избори, ќе имавме 42 градоначалници, а да беа парламентарни избори, ќе бевме партија со најмногу пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ имаше 62 илјади гласови повеќе од првиот круг“, додаде Јанушев.

Порастот на гласовите за Пендаровски, според него, е неприроден и не е поради метлата на Заев, туку поради пазар, уцени и закани. „Апсолутната власт значи апсолутна неодговорност на власта. Ќе поднесме приговори до ДИК за групно гласање, поткуп и агитирање. Ќе поднесеме и кривични пријави“, вели Јанушев. Тој повтори дека остануваат на барањето за парламентарни предвремени избори.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет