ЕКСКЛУЗИВНО: Мактел дозна за што се моли Зоран Заев кога пали свеќа у црква овој период!

Објавено на 06.05.2019 во 20:54:57 часот | Македонија

- Господе што си на небото, дај нека остане Мицко уште некоја година лидер на ВМРО ДПМНЕ па да си повладеам, да си ја однесам државичката во НАТО и ЕУ, да си ја средиме цакум-пакум па после ќе видиме што ќе правиме. Аман господе, дај нека остане Мицко уште малко на чело на ВМРО и нека продужат да бидат против Преспа и против Албанците и против СЈО и против Рамковен Договор, Јохан Тарчуловски пак нека им биде на пратеничка листа, со тоа нека го плашат народот дека Грујо пак ќе се врне на власт и нека се плашат Албанците и странците дека пак ќе има војна, амин мили боже, уште една црква ќе направеме во Струмица исто најголема на балканот!

Ова од сигурни извори од блиски на Зоран Заев го изговарал премиерот при секое палење свеќи на празници овие денови.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет