Амбасадата на САД му ја честита победата на Пендаровски – очекуваме да работиме заедно со него кон идно членство во НАТО и ЕУ

Објавено на 06.05.2019 во 20:37:36 часот | Македонија

ambasada-sad

Амбасадата на САД му ја честита победата на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија и очекува заедничка соработка со него, со Владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ.

-Амбасадата на САД им честита на граѓаните на Северна Македонија кои го искористија нивното гласачко право на овогодинешните претседателски избори. Му честитаме на Стево Пендаровски за неговата победа на изборите и очекуваме да работиме заедно со него и со владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ.

Го поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле компетитивни и дека преку почитување на фундаменталните слободи се овозможил демократски процес. Заклучоците се совпаѓаат и со заклучокот на тимовите на Амбасадата на САД, кои ги набљудуваа двата изборни круга. Доколку има забелешки за какво било нерегуларности, ги охрабруваме граѓаните, претставниците на граѓанските организации, медиумите, без разлика на политичката припадност, да ги пријават, стои во соопштението од Амбасадата на САД.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет