ПЕТ ЗАКЛУЧОЦИ ОД РЕЗУЛТАТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

Објавено на 06.05.2019 во 12:09:53 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Треба да си злобник а да не признаеш дека резултатот од вчера е голем триумф на Зоран Заев!!!

Па уште и тоа да го правиш некаков пораз?!?! Зошто, затоа што ВМРО победило во Свети Николе, Кратово, Драчево и Маџари?

Абе луѓе, овде збориме за големи политички проекти, не може да анализирате утакмица од 90-минути и да викате али пази се сеќаш ли како дриблаше центарфорот во 65-та минута?

Абе кое дриблање, на крај се гледа резултатот горе на семафорот!!!

Затоа одиме со 5 заклучоци од овие избори:

1. ПОБЕДА А НЕ ПОРАЗ!

Овие избори се прават во момент после договоротите со Грција и Бугарија и после изгласаната двојазичност. Особено пак договорот со Грција мораше да се турка со Муртински финти со амнестии со тешки мајмунарии затоа што тоа го бараше моментот и големата кауза. И како резултат на сето тоа, имаш околу 400 000 фанатици кои гласаа за Мицко за да го поништои сето тоа и уште толку кои останаа дома!

Чиј резултат е ова? На Мицко? Ова е пораз на Заев? Не дечки, ова е победа на Грујо и неговата црна пропаганда која една декада билдаше фанатизам и за името и за Бугарите и за клетите Шиптари. Тие 380 000 гласови на контото на Сиљановска се продукт на оваа една декада перење мозок на масите! И за тоа нити Мицко нити Заев можеа нешто да направат!

Уствари, можеби можеа и нешто да направат, кога ќе размислам, и требаше и мораше нешто да направат, но за тоа подолу во точките.

Но да се преставува како оваа бројка од 380 000 била некаков бунт за некакви нереализирани ветувања на СДСМ или некакво лошо владеење е комедија, ги боли тасе тие од Драчево за транспарентност и непотизам, они само сакаат да умрат клетите Шиптари, Грци и Бугари за да се спасе името на Македоња!

Во услови после такви големи политички одлуки, во време кога нема масивна про-владина пропаганда, во демократски услови, сепак да победиш со разни политички коалиции, тоа е ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ЗАЕВ!

2. Бојкотот им се удри од глава!

ВМРО ДПМНЕ го воведе бојкотот како силно политичко оружје и со тоа му нанесе голема штета на Заев кој едвај некако успеа да го протне менувањето на името, но потоа им се врати како бумеранг па едно 20 до 50 илјади ВМРО-вци и десничари го бојкотираа изборот за претседател.

Видни стратези и идеолози на ВМРО и десницата како Каракамишева, Миленко, Пандов, Филип Петровски, Бачев, Солза Грчева, Мирка Велиновска итн јавно се изјаснуваа за бојкот што беше силен нож во грбот на ВЕМЕРЕТО!

Тешко им одеше на раководството на ВМРО да објаснат како еднаш бојкотот беше ок како орудие а како втор пат тоа не е ок метода, и тука настана голема забуна.

3. СДСМ МОРА ДА РАБОТИ НА СВОЈОТ ПР!

Јас тврдам дека ние сеуште ги береме плодовите на Грујовата пропаганда која 12 години переше мозоци брутално 24/7!

Демократскиот пристап на новата власт го искористи опозицијата која генерира масивна количкна на лажни вести на дневна основа но и некои уредници на медиуми почнаа да ја уценуваат власта и да водат лична пресметка со цел рекетирање и разни други уцени за влијание и моќ, па во земјава преовлада нарацијата дека мнекако власта разочарала?!?!

Можеби не разочарува на моменти стварноста но власта не е виновна секогаш за тоа, поголем виновник е ВМРО ДПМНЕ кој сеуште дава отпор во разните режимски бункери од каде со демократски методи смената оди споро.

4. МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ ПОЛИТИЧКИ НЕПИСМЕНИ!

Ако се погледне резултатот, ќе се види дека етничките Македонци масовно се определија против ЕУ, против НАТО, против Македонија општество за сите, тие гласаа за нови изолации, нови војни, нови конфликти. А парадоксално е што истите тие бараат и повисоки плати, средена земја, поголеми странски инвестиции, повисок стандард на живот. 

ПОЛИТИЧКА ШИЗОФРЕНИЈА!!!

Фрчко пак испадна во право, да ги ставевме на гласање и ФИРОМ и рамковен договор ќе поминеа катастрофално, народот сепак има потреба од водачи кои ќе го водат а не да го слушаат затоа што народот е прост и неук и нема појма каде треба да се води земјава, за тоа се потреби храбри политички визионери!

Да беше до народот, земјава ќе беше во 30 годишна крвава војна без крај на повидок, како сега што е сега Сирија или Палестина!

5. МОЖЕ ЛИ СДСМ ДА ВЛАДЕЕ ПОДОБРО?!

Имам чувство дека СДСМ дава се од себе но толку може. Ми делуваат малце изморено од една декада жестока битка со режимот, што се не поминаа, два пати ќотек изедоа во парламент, еднаш едвај жива глава спасија, десетина украдени избори, голема одмазда на терен со затвори со казни со бркање од работа, и СДСМ делува како бродоломец кој штотуку е изваден од морето каде лутал на сплав како Робинзон Крусо.

Власта за СДСМ е одмор од еден кошмар и една тешка крвава битка која траеше 12 години, лечење на раните, враќање во живот и затоа дечките толку можат, мораме да ги разбереме.

Тек сега увиделе колку изгубиле лично од 12 години тешка битка со злото додека неутралците се правеа наудрени а режимците се дебелеа како сомови.

СДСМ дава колку што може и резултатите ќе стигнат, мислам дека се злобни и неосновани критиките дека ништо не се работи или дека не сакаат да работат.

Се работи, даваат максимум, толку можат, и тоа е сосема доволно, со мали исклиучоци!

Државата оди напред по сите основи во сите сфери, прашање е сега брзината и дали може побрзо, секогаш може но тоа е комплексно прашање, сепак се избра да се владее демократски и европски, а тие методи се спори но исправни и квалитетни.

6. ОХРИД КАКО ПОКАЗАТЕЛ ДЕКА ЦРВЕНАТА МАПА НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ ДЕКА Е ЦРВЕНА!

Во Охрид победи Сиљановска со 1000 разлика, но за градоначалник победи кандидатот на СДСМ со 4000 разлика?

И сега црвената мапа е црвена или сина?!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија