САШО ОРДАНОВСКИ: МУРТИНЕЦОТ ИМ ОДДРЖА ЛЕКЦИЈА ПО ПОЛИТИКА НА ИЗГУБЕНИТЕ АНТИТАЛЕНТИ ЗА ПОЛИТИКА, СИЉАНОВСКА И МИЦКОВСКИ!

Објавено на 06.05.2019 во 11:22:29 часот | Македонија

Гордана Сиљановска Давкова и на „последниот час“ што го одржа на овие претседателски избори – нејзиниот долг и неверојатно здодевен проштален изборен говор – ефектно ги потсети сите оние кои решија да не гласаат за неа дека имале добра причина за тоа. Да победеше, професорката со своето грандиозно его ќе ја задушеше претседателската функција како што се дави некој со перница на кревет.

Таква огромна самобендисаност, заљубеност во себе, во себе и само во себе, не сме имале можност да посведочиме кај стотици други политичари во Македонија, а сме виделе разни. Разбравме дека таа е убедена дека изборите не се спроведени за државата да добие претседател, туку за нејзе да ѝ се приреди незаборавно искуство за, пред пензија, да ја запознае татковината и народот што живее во неа. И видно е воодушевена од тоа, малку задоцнето, но незаборавно туристичко доживување!

Поразот го призна, но не му ја честиташе победата на својот противник. При фер и демократски избори, какви што беа тукушто завршените, тоа е елементарна непристојност за која нема што паметно да се додаде. По таа срамота ќе се памти нејзиниот пораз.

Од друга страна, Заев и Пендаровски и во победата најдоа многу зборови за самокритичност, наспроти комплетниот автокритички молк на Мицкоски при прославата и на овој пораз. Од него чувме едно конфузно политичко пелтечење за тоа колку им е добар резултатот, колку се тие во право за сè и дека ќе победеа ако не изгубеа, ама изгубија, за што се виновни сите нечесни Македонци и не-Македонци кои гласале за власта. Дури и неколкуте „клакерски“ аплаузи во салата беа млаки, без душа, каков што е и фрустрирачкиот впечаток од изборниот резултат. Загубија дури и во Охрид и во Ново Село.

Линк до целата колумна на ЦИВИЛ МЕДИА

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет