Фотоволтаични панели и нов кров за подобра функционалност на прилепскиот пазар

Објавено на 04.05.2019 во 21:47:15 часот | Македонија

Заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески во рамките на денешната посета на општина Прилеп заедно со директорот на Јавното претпријатие „Пазари“, Кристијан Илиески го посетија градскиот пазар. За време на обиколката, заменик министерот за локална самоуправа, Павлески и директорот на претпријатието, Илиески разговараа со дел од пазарчиите за функционалноста на пазарот и проблемите со кои се соочуваат самите пазарџии и Јавното претпријатие.

 

Со цел обезбедување на подобри услови за работа на пазарџиите и граѓаните преку употреба на обновливи извори на енергија планирано е во прилепскиот пазар да се користат фотоволтаични панели кои сончевата енергија ќе ја претвараат во електрична.

„Во таа насока ние како Министерство за локална самоуправа во последните две години направивме напори заедно со Владата да обезбедивме двојно повеќе средства во делот на рамномерен регионален развој. За 2019 година се обезбедени вкупно 7 милиони евра, во Пелагонискиот регион досега преку една од компонентите одобрени се осум проекти во вредност од околу 500 илјади евра. Минатата година како министерство поддржавме проект за подобрување на условите во противпожарната заштита, конкретно преку набавка на опрема и возило за потребите на територијалната противпожарна единица како и изработка на урбанистички планови во неколку населени места во Општината. Оваа година продолжуваме, согласно аплицираните проекти во делот на заштита на животната средина преку упоотреба на обновливи извори на енергија. Планирано е во пазарот да се употребат фотоволтаици со што ќе се обезбеди и користење на обновливи извори на енергија и на тој начин ќе се подобри и квалитетот на условите и функционалноста на самиот пазар“, истакна заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

Директорот на Јавното претпријатие „Пазари“, Кристијан Илиески истакна дека финансиските потешкотии се надминати и како јавно претпријатие веќе можат да размислуваат за реализација на проекти кои се од особено значење на пазарот.

„Врз основа на апликацијата која преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион јаиспративме до Министерството ни се одобрија средства за поставување на фотоволтаици, проект кој е од големо значење за пазарот, бидејќи во зимските месеци сметките за струја беа високи и ни создаваа потешкотии во функционирањето, рече директорот на ЈП „Пазари“, Кристијан Илиески.

Според изјавата на директотот на јавното претпријатие „Пазари“ приоритетна цел во насока на подобрување на функционалноста на градскиот пазар е кровот , за што во рамките на програмата за рамномерен развој е аплициран проект за нов кров. Со реализацијата на овие два поголеми зафати во градскиот пазар прилепчани ќе добијат модерен пазар но во духот на старата традиција.

Во рамките на денешната посета на општина Прилеп, заменик министерот за локална  самоуправа Дејан Павлески, оствари работна средба и со прилепските такси превозници на кој присуствуваа и претсавници од Полициската станица задолжени за сообраќај како и претставници од Општина Прилеп.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет