БОИНГ 737 СО 143 ЛУЃЕ ЗАВРШИ ВО РЕКА ОТКАКО СЛЕТАЛ ПРИ ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НА ФЛОРИДА, НЕМА ЖРТВИ

Објавено на 04.05.2019 во 20:32:50 часот | Македонија

„БОИНГ 737“ СО 143 ЛУЃЕ ЗАВРШИ ВО РЕКА ОТКАКО СЛЕТАЛ ПРИ ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НА ФЛОРИДА, НЕМА ЖРТВИ

Авионот не потонал откако се излизгал во реката (Фото: Гети)

Авион „боинг 737“ со 143 патници и членови на екипажот заврши во река на Флорида, откако слетал на пистата во услови на големо невреме. Никој од луѓето во авионот не е посериозно повреден.

Авионот изнајмен од „Мајами ер интернешнал“ за потребите на војската летал од Гвантанамо Беј на Куба до воена база во Џексонвил. Патници изјавија дека авионот слетал при големо невреме, при што се излизгал во реката Сент Џон. Најмалку 20 патници добиле лекарска помош за помали повреди.

„Авионот имаше тешко приземјување. Буквално удри во земјата и отскокна, и тоа двапати. Беше јасно дека пилотот целосно ја имаше изгубено контролата врз авионот. Завршивме во вода и не можевме да кажеме каде се наоѓаме, дали е река или океан“, изјави една патничка.

Градоначалникот на Џексонвил потврди дека нема жртви.

„Авионот не потона. Сите во авионот се живи и свесни“, изјавија од неговата канцеларија.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет