СУДСТВОТО ГО ДОПРЕ ДНОТО: СУДСКИОТ СОВЕТ НЕ ДОЗВОЛУВА ОСОМНИЧЕНИОТ СУДИЈА МУСТАФА ШАХИНИ ДА ОДИ ВО ПРИТВОР

Објавено на 04.05.2019 во 12:23:58 часот | Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ НЕ ДОЗВОЛУВА ОСОМНИЧЕНИОТ СУДИЈА МУСТАФА ШАХИНИ ДА ОДИ ВО ПРИТВОР

Судскиот совет одлучил да му го одземе имунитетот на судијата, но не и да биде притворен. (архивска фотографија)

Судскиот совет на Република Северна Македонија забрани осомничениот судија Мустафа Шахини кој се сомничи дека со злоупотреби на функцијата ја оштетил државата со над 200.000 евра, да оди во притвор.

На итна седница денеска, на барање на Основниот суд Скопје 1 пред чиј судија на претходна постапка излезе обвинител со барање за притвор за судијата Шахини, Судскиот совет одлучил да му го одземе имунитетот, но да не биде притворен.

“Судскиот совет донесе одлука со која го одзема имунитетот на судија, заради непречено водење на кривичната постапка. Донесена е Одлука со која не се одобри барањето за определување на мерката притвор за судијата”, соопшти Судскиот совет.

Распитот пред судија на претходна постапка за оваа најнова истрага на Обвинителството за организиран криминал, продолжува в понеделник.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет