СЕ НАМАЛУВА ДДВ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ОД 18 НА 5 ОТСТО

Објавено на 03.05.2019 во 21:03:58 часот | Македонија

СЕ НАМАЛУВА ДДВ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ОД 18 НА 5 ОТСТО

Секое семејство приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за отприлика 220 денари месечно, или годишно ќе штеди над 2.600 денари. Очекуваме на парно греење да се приклучат нови 10.000 домаќинства, рече премиерот Зоран Заев по состанокот на интер-ресорската група за следење на квалитетот на воздухот. (Фото: Влада на РСМ)

Данокот на додадена вредност (ДДВ) за парно греење од следната грејна сезона ќе се намали од 18 на 5 отсто, кажа премиерот Зоран Заев по состанокот на интер-ресорската работна група за квалитетот на воздухот. Тој кажа дека ваква одлука донеле заедно со Министерствата за екологија и за финансии, Град Скопје и Регулаторна комисија за енергетика, како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот.

„Секое семејство приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за отприлика 220 денари месечно, или годишно ќе штеди над 2.600 денари. Системот на парно греење нуди и најголема енергетска ефикасност, односно има најмала емисија на јаглерод диоксид. Ова ќе биде мотивација повторно да се вклучат околу 14.000 семејства кои од системот на централно парно греење се исклучени од 2012 година досега. Очекуваме да се приклучат нови 10.000 домаќинства“, вели Заев.

Регулаторната комисија неодамна го укина паушалот што граѓаните исклучени од парно греење го плаќаа досега. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски најави дека во јули ќе донесат нов тарифен систем за парно греење и дека нема веќе да има трошок за ангажирана моќност.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули рече дека оваа мерка е во правец на директивите од Европската комисија од 2006, и дека централните топловодни системи во земјите од ЕУ и САД се најдобра алатка за справување со загадувањето на воздухот.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет