(ВИДЕО) НАЈМОЌНИТЕ ЗАПАДНИ СВЕТСКИ ЛИДЕРИ СЕ ПОКЛОНИЈА ПРЕД ХРАБРОСТА И МУДРОСТА НА ЗАЕВ И ЦИПРАС: Макрон и Меркел го пофалија преспанскиот договор

Објавено на 29.04.2019 во 23:40:33 часот | Македонија

Домаќините на неформалниот самит за Западен Балкан, германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, пред почетокот на состанокот истакнаа дека оваа средба не е посветена на процесот на проширување, туку на соработката и решавањето на билатералните спорови во регионот.

Во овој контекст, тие го посочија македонско-грчкиот пример, истакнувајќи дека преспанскиот договор е доказ оти со политичка волја можно е да се надминат споровите.

„Видовме храбри чекори за спорот за името на Северна Македонија“, рече Меркел, додека Макрон истакна дека препанскиот договор е доказ за решавање на спорови кои изгледале нерешливи.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет