Богоевски со низа директни прашања до Силјановска – професорке под кое име ќе станеме членка на НАТО?

Објавено на 24.04.2019 во 21:06:38 часот | Македонија

павле

По серијата нејасни и во најмала рака кажано, превртливи и недефинирани ставови на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, пратеникот Павле Богоевски преку својот Фејсбук профил упати низа прашања до против кандидатот на Пендаровски. Богоевски вели дека тешко сфатливо е Сијановска, која цела предизборна кампања ја водеше врз база на негација на Преспанскиот договор, презентирајќи го како злосторство врз македонскиот народ, сега кога и се потребни гласовите од Албанците таа да ги „воспева“ целите поради кој е склучен тој „предавнички договор“.

,,Сега, Гордана Сиљановска вели дека во нејзиниот мандат ќе станеме членка на НАТО и дека е добро што членуваме во Алијансата.

Затоа, би сакал да ја прашам:

Професорке, под кое име ќе станеме членка на најмоќниот воено-политички сојуз во светот? Под името кое не сакате да го изговорите, истото тоа име кое од Охрид ветивте дека ќе го промените повторно? Како резултат на што е добро што сме членка на НАТО? Како резултат на „предавничкиот и антимакедонски договор со Грција“ чие референдумско изјаснување го бојкотиравте и чиј легитимитет сѐ уште го оспорувате?

Целата кампања во првиот круг, Гордана Сиљановска ја водеше врз основа на реториката дека Договорот од Преспа е злосторство врз македонскиот народ за кое е потребна правда што може да ја донесе само нејзиното претседателство.

Сега, кога ѝ се потребни гласовите на Албанците, таа ги воспева целите поради кои го склучивме „предавничкиот“ договор. Токму тоа е проблемот, друштво. Целата кампања на Професорката е контрадикторна и полна со лажен и селективен патриотизам. Исто како и партијата која ја претставува.

Како што тргнала работава, не би ме изненадило до 5ти мај да го признае и Договорот од Преспа. Граѓаните се доволно паметни да го казнат тој што греши, но и да ги препознаат празните флоскули и умилкувања“. (ФБ статус на пратеникот Павле Богоевски

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет