(ВИДЕО) По 19 години затвор за убијците на Саздо

Објавено на 23.04.2019 во 21:01:44 часот | Македонија

По 19 години во затвор како казна добија обвинтетите за убиството на Никола Саздовски Саздо. Бесир Беља и Скендер Демири се осудени во судската постапка која траеше пет ипол месеци. Двајцата се сторители на кривично дело убиство затоа што на 29 јуни 2018 година смртно го повредија дваесетгодишниот Саздо. Дополнително, обвинетите се задолжуваат да исплатат по 1.200.000 денари на родителите и на братот на убиениот.

По третооосомничениот се трага со домашна и меѓународна потерница.

Саздовски беше нападнат со скопската населба Автокоманда при што му биле нанесени тешки повреди во пределот на главата. Почина на КАРИЛ на 9 јули 2018 година

„Се водеше постапка за најтешкото кривично дело убиство и штетата не може да се поправи, изгубен е млад човечки живот. Изразувам длабоко сочувство до семејството на починатиот Саздовски. Во период од 5 ипол месеци судот ја спроведе постапката за овој предмет. Ценејќи ги сите докази поединечно судот ја утврди фактичката состојба за настанот“, рече судијката Даниела Алексовска пред изрекување на пресудата.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет