СВЕТСКИ НАСТАН ДЕНЕСКА: По седум години криење во амбасадата на Еквадор во Лондон, денеска е уапсен основачот на Викиликс, Џулиан Асанж

Објавено на 11.04.2019 во 12:41:23 часот | Свет

julian-assange

Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

„Викиликс“ го обвини Еквадор дека незаконски го поништил азилот на Асанж во амбасадата.

Во средата беше соопштено дека Асанж бил предмет на софистицирана шпионска операција од еквадорската амбасада во која се наоѓа од 2012 година.

„Викиликс“ ја откри големата операција на шпиунирање против Асанж во таа амбасада, изјавила Кристин Храфнсон, главната уредничка на „Викиликс“ и притоа истакна дека иселувањето на Асанж од амбасадата може да се случи во секое време.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Свет

Македонија