ИЗВИНУВАЊЕ ДО ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ КОЧО АНЃУШЕВ!

Објавено на 29.03.2019 во 11:31:45 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Вчера откако дознав за оценката НУЛА од германските странски инвеститори, бев бесен и веднаш побарав оставка од вице премиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Бев љут што владата дозволила да дојде до нешто такво. Бев малце параноичен дека таа оценка значи дека владата ништо не работи на економски план и дека во земјава се е закочено, што многу ме загрижи и исплаши.

Но денеска дознавам дека Германците и дале оценка НУЛА на владата затоа што и биле лути на владата што се дрзнала да ја покачи минималната плата без да добие дозвола од нив?!?!

Аууу, кој пресврт! Значи не се проблем законите за бизнис работење, сервисот на институциите, сигурноста, безбедноста, мито, корупција итн, не тоа се било ок, затоа 75% од нив имаат намера да останат во земјава, значи не е тоа проблем, туку проблем било што сега немало да може да ги плаќаат вработените како стока, како робови?!?!

Ок, очигледно е дека во најмала рака вице премиерот за тоа нема вина, покачувањето на минималната плата е проект на Заев, Мила Царовска и Тевдовски, и ако треба некој да одговара за тоа тогаш тоа се тие тројцата.

Е сега треба да дебатираме дали е подобро вработените да земаат поголема плата од 200е или странците да си заминат па овие да не земаат ич?!?! Но тоа е веќе потешка дебата.

У секој случај, Кочо Анѓушев нема вина овде, и затоа му се извинувам што два дена пукав по него, добив погрешен впечаток и донесов пребрза одлука, извини вице премиере, продолжи со добрата работа која ја правиш.

Јас кога ќе згрешам знам да се корегирам, нема на Мактел лични агенди и некакви нарачки за отстрел или пак сервилно служење на некој политичар или партија, што на ум то на друм, затоа и ја сакам оваа професија, ти дава да бидеш слободен и од тоа да живееш притоа мирно спиеш и се чувстрвуваш корисен за општеството.

Е сега некогаш ќе згрешиме, ама па гррешките се дел од секоја работа, под услов да се ретки и да се признаат и да се научи нешто од нив.

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија