БОМБА НА САШО ОРДАНОВСКИ: Германските инвеститори и дале НУЛА на владата затоа што се дрзнала да ја зголеми минималната плата без да ги праша за тоа!!!

Објавено на 29.03.2019 во 11:07:11 часот | Македонија

Неопходен услов за успех на странските вложувања е на секоја средба надлежните домашни министри, како и самиот премиер доколку присуствува на такви состаноци, е да си понесат и вазелин, за странците да не посакаат да ја продлабочат својата аргументација за барањата за уште поголемо подобрување на условите за инвестирање токму во нашата вукојебина.

Се разбира, поводот за овие цинични редови е дрскоста со која германските инвеститори во Македонија пред некој ден си дозволија јавно да се занимаваат со оценки на економската политика на Владата. Значи, не само што сме се „послале“ пред германскиве убер-капиталисти кои, да побараат слични услови за работење од германската влада, веројатно ќе бидат веднаш уапсени и протерани на доживотна работа во Сибир, откако на испраќање германските работнички синдикати ќе им опнат по десетина стапа по негуваните газови, туку ако може и реконструкција на нашиот владин кабинет и нејзините политики да направат според тоа како ТИЕ ги планирале СОПСТВЕНИТЕ профити за тековната година.

Оти, замислете, власта ја дигнала минималната плата на работниците за 10-20 евра на месец, без странциве да биле прашани (!?), што се смета за непредвидливост на условите за работа во земјава! Ауууу, срамота…

Следствено, оценка за економската политика на владата: нула!

Целата колумна на ЦИВИЛ МЕДИА

 

 

* реклами:

Македонија

Свет