ИЗРАЕЛСКИ ЕКСПЕРТИ ЗА БРЗА ПОМОШ ДВА ДЕНА ОБУЧУВАА ВО ЗЕМЈАВА: Над 100 учесници, меѓу кои здравствени работници, припадници на полицијата, армијата и противпожарната служба добија практична обука за масовни несреќи

Објавено на 24.03.2019 во 23:22:42 часот | Македонија

Денеска почна дводневната едукативна обука за Итна медицинска помош и менаџирање на ресурси, која се организира во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка на Министерството за здравство со државата Израел и Фондот за иновации и технолошки развој.

Обуката опфаќа над 100 учесници, меѓу кои здравствени работници, припадници на полицијата, армијата и противпожарната служба, кои имаат можност да ги зајакнат своите капацитети и ресурси како најважна алка за управување и справување со катастрофи.

Целта на обуката е да се имплементираат иновациите и современите текови во развојот на здравствениот систем, во насока на зајакнување на вештините на службите за справување при кризни состојби и масовни катастрофи.

Министерството за здравство има изготвено посебен План за дејствување при кризни состојби и катастрофи. Сакам да напоменам дека тој план функционира и го применивме при неодамнешната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, каде севкупниот здравствен систем беше активиран за 15 минути. Во мултисекторски пристап, Министерството за здравство со Министерството за внатрешни работи, противпожарната единица и Центарот за управување со кризи успешно се мобилизираа и ги активираа сите капацитети. Покажавме итност, координираност, подготвеност, стручност и професионалност.

Државата Израел обезбеди тим од успешни и квалитетни обучувачи, кои ќе ги пренесат своите искуства за справување во кризни ситуации преку Хипер реалистичната програма за Израелската одбранбена армија.

Предвидено е обуките континуирано да се спроведуваат, а учесниците да стекнуваат сертификат кој овозможува во иднина тие да бидат обучувачи на кадар кој делува при катастрофи.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет