ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: Јане, хероју македонски, вечна ти слава!

Објавено на 24.03.2019 во 20:35:36 часот | Македонија

Помен и одбележување на 18 години од смртта на бранителот Јане Јакимовски од Крива Паланка.

Јане го знаев лично, му бев непосреден претпоставен во 2001-та. Беше чесен, храбар и пожртвуван борец за Македонија. Иако заменик-командир на полициската станица во Крива Паланка, Јане не испушти ниту еден терен и непрекинато учествуваше во одбраната на државата на сите македонски боишта.

Денес, 18 години подоцна, како држава должни сме да помагаме на семејството на Јане. Неговиот син Теодор Јакимовски се подготвува да продолжи по неговите стапки и моментално е на курсот за полицајци во Центарот за обука.

Јане, хероју македонски, вечна ти слава.

Генерал Стојанче Ангелов, фб пост

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет