Медицинска сестра од Струга се зарази од морбили од невакцинирани деца: Вие АНТИ-ВАКСЕРИТЕ сте криви за тоа што луѓето се во опасност!

Објавено на 23.03.2019 во 19:18:44 часот | Македонија

Елена Главинческа е медицинска сестра во интерното одделение во општата болница во Струга. Таа десет дена се бори со морбилите, откако се заразила на своето работно место.

Вели дека е тоа нејзина работа, да му пружи соодветна нега и помош на ској пациент, но воопшто не е среќна што се заразила од деца кои биле невакцинирани.

Елена се извинува , ни вели дека на фотографијата воопшто не е за во јавност, но сака да укаже дека родителите прават голема грешка што одбиваат да ги вакцинираат своите деца, а со тоа ги доведуваат во опасност и сите други во нивната околина.

,,Не плашете се , ова сум јас со МОРБИЛИ. И не би требало да пишувам јас постови и да објавувам слики, но морам да им се ,,заблагодарам“ на оние родители кои не ги вакцинираат своите деца, поради што јас на мои 47 години во 21 век добив морбили! Да, јас сум здравствен работник и ги заработив извршувајќи ја мојата работа. ДА, ние треба да сме хумани и за тоа сме платени.

Ама никако да ми помине лутината што во денешно време сум болна од болест за која учевме дека опстојува во средини со низок социјален развој, благодарение на квази интелектуалци кои по неколку статии прочитани на интернет, се супер стручњаци за вакцините и за области од медицината за кои некои луѓе цел живот го посветиле на учење.

Освестете се!

Не сакам никого да навредам и однапред се извинувам, но дали некој има доблест мене да ми се извини за мојата десетдневна голгота со болеста? Некој, од оние 25 проценти кои недостигаат во статистиките за вакцинирање , кои се неопходни за постигнување на колективен имунитет.

Инаку да. Ве сметам за лично одговорни за мене, за моите колеги, за сите болни кои се заразиле, не поради своја вина.

И никако не посакувам ничие дете да помине низ вакво малтретирање“ – ни изјави здравствениот работник, медицинската сестра која негува многу болни и заболени, Елена Главинческа.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет