Заев до Вучиќ: Знам колку е тешко, преговарав пред неколку месеци

Објавено на 20.03.2019 во 21:16:04 часот | Македонија

Премиерот Зоран Заев смета дека нема македонско сценарио во Србија, како што обвини срскиот претседател Александар Вучиќ по упадот на демонстранти од движењето „Еден од пет милиони“ и опозициски лидери во зградата на српската радио и телевизија.

– Апсолутно не. Србија е наш голем пријател, народите ни се блиски, ние и посакуваме само добро на Србија, да оди напред, во моментов даваме поддршка за позитивно решение, како тие ќе се договорат, решение што гарантира напредок на регионот, интеграција во ЕУ, чување на мирот. Знам, преговарав пред неколку месеци, знам колку е тешко. Апсолутно се обидуваме да го сфатиме тоа и го поддржуваме процесот. Се надеваме дека ќе се вратат на дијалогот. Тоа е нашето очекување и се надевам дека дијалог ќе има и внатрешен во сите соседни земји. Еве ние имаме во Северна Македонија. Но, истовремено како човек кој што беше директно нападнат од насилници во институциите можам јасно да го осудам секое насилство врз институциите на системот од било кој карактер, ова го кажувам за да го потврдам нашето пријателство кон Србија – вели Заев во интервју за МИА.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет