САШО ОРДАНОВСКИ ДО СИЉАНОВСКА: Дали вака ќе збореше за 27-ми април ако претепаните беа од ВМРО ДПМНЕ а тепачите беа од СДСМ?!

Објавено на 18.03.2019 во 20:41:08 часот | Македонија

Мицкоски непромислено, заради свои партиски потреби, ја притиска Силјановска да го застапува „груевизмот“ во судирот со „заевизмот“ на претседателските избори. Затоа е речникот хистеричен, за да се „набилда“ контрапунктот на „груевизмот“, оти се свесни дека на тој наратив за „заевизмот“, со сите глупости на СДСМ и самиот Заев во власта, ќе му треба уште многу „квасец“ за да узрее како изборна понуда. Сепак, Силјановска тоа го голта со кутлача, иако со оглед на нејзината биографија и на општата интелектуална појава сосема не ѝ прилега, па мораат да ѝ додаваат политички тестостерон за да може тој товар предизборно да го „подигне“.

Но, многу ме интересира дали г-ѓа Силјановска ќе го повикуваше својот противкандидат Пендаровски на ТВ-дуел, за да ги расчистеле прекршувањето на „процедуралните правила“ од судењето за 27 април, доколку се случеше следново: на повик на Заев, од која било причина, да не се седи дома „во папучи“, да се собереше толпа од неколку илјади негови празноглави поддржувачи пред палатата на ВМРО-ДПМНЕ и, во организација на високи безбедносни и партиски структури, со асистенција на Муковски од внатре, да влезеа, да искршеа сè пред себе и да премлатеа дваесетина видни и помалку видни функционери на опозицијата, а Мицкоски да го влечеа онесвестен и целиот во крв по мермерот, мислејќи дека го отепале, во немо присуство или активна асистенција на десетици маскирани и немаскирани полициски службеници…

Линк до целата колумна на Цивил Медиа.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет