ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ НА МАКТЕЛ: ПОЧИТУВАН САШЕ, МАГИСТЕР СУМ ПО ДИПЛОМАТИЈА И МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА ОД СВЕТСКИ ПРИЗНАТ УНИВЕРЗИТЕТ ОД ТЕХЕРАН, А 11 ГОДИНИ НЕ МОЖАМ ДА НАЈДАМ РАБОТА ИАКО ЗБОРУВАМ АНГЛИСКИ И ПЕРСИСКИ ЈАЗИК?!?!

Објавено на 17.03.2019 во 21:04:12 часот | Македонија

Почитуван Саше,

Како сте, се надевам да сте добро и здрави. Се викам Бесим Камбери, од Тетово сум. Драг Саше редовно го пратам  и  читам вашиот веб сајт (maкtel.mk) и искрено те поздравувам за храброста и искреноста што го имаш. Мило мие што немаш предрасуди и гледам дека се трудиш да ги елиминираш предрасудите што ги носиме и што ги имаме тука во нашата држава, Република Северна Македонија. За жал НИЕ уште долго ќе страдиме од овој опасен и примитивен феномен – предрасуди. Колку што знам, Вие сте студирале и сте биле во одреден пероид во САД, во симболот на демократијата и либерализмот. И се гледа дека се трудите да принесите тоа што сте го стекнале таму во САД, за доброто на сите НИЕ во нашата држава. Голем респект за Вас Саше.

Драг пријателе дозволете ми да ти го кажам мојата мака и проблем што го имам. Сум дипломирал за политичи науки и исто така имам магистерска диплома во дипломатија и меѓународни организации во Техеран – Иран. Многу добро го познавам персискиот и англискиот јазик. Мојата магистерска теза беше за проширувањето на НАТО и предизвиците и продобивките на членството на Македонија во ова политичко воена организација. Мојата хипотеза беше дека членството на Македонија во НАТО придонесува за развојот, стабилноста и мирот во нашата држава и за балканскиот регион. Од 2008 година кога се вратив од студиите до денес за жал не можам да најдам ниедна работа, во сите конкурси бев елеминиран. Имав надеж и се уште имам  дека владата на Г. Зоран Заев се разликува од другите поранешни владии. И затоа одлучив да конкурирам  во последниот конкурс на МНР, но за жал пак не ме повика за испит или интервју. Конкурсот и работното место што конкурирав беше баш за Блискиот Исток. Искрено да ти кажам незнам во штое проблемот.

Дали е тоа што не сум Македонец, или не сум член на ниедна политича партија, или има предрасуди затошто сум студирал во Иран? Почитуван Саше, со мене заедно во факултетот за меѓународни односи во Министерството за Надворешни Работи на Иран (магистерските студии) беа исто така студенти и колеги од САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Полска, Швајцарија и многу други западни земји. Тие сега се вработени во нивните земји и се експерти за блискиот исток и нивните држави и институции се гордеат со нив. Но јас иако студирав со мои пари и немав помош од никого пак моја држава не ме ферма. Една година ја научив јазикот, 4 години факултетот плус 2 години магистерските студии, 7 години сите заедно.

Многу мие жал за времето и парите што сум ги трошил. Моја земја ми го уништи кариерата и животот. Кога бев студент во 3 година во еден семинар имав прилика да се запознавам со еден норвешки дипломат и тој инстираше Јас да  работат во научните институтии или институции на Норвешка, мојот одговор беше НЕ, тој се изненади од мојот одговор, му реков дека сакам да придонесувам за и во мојата земја. Изгледа дека за жал многу сум згрешил.

Искрено ви се извинувам ако сум ви пречил или вознемирувал. Ви се заблагодарувам за трпението што го имавте да го читате мојата порака. Ви посакувам среќа, успеси и здравје во животот.

Со почит,

Бесим Камбери

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет