ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО БЕЛГРАД: Вучиќ избегал низ тунел

Објавено на 17.03.2019 во 19:34:31 часот | Балкан

Водачот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој исто така е и пратеник во Собранието, објави дека претседателот Вучиќ избегал од зградата на претседателството, пренесува Србијаданас.

Граѓаните формираа круг околу зградата за да го спречат претседателот да го напушти претседателството, но тој сепак избегал.

Борис Тадиќ кој рече дека, како што знае, Вучиќ има информации за таен премин.

Како поранешен претседател знам дека постои таен премин во Собранието, Вучиќ избега од таму! – изјави Тадиќ.

Голем број од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград каде бараат ослободување на приведени поради синоќешниот упад во зградата на РТС.

Лидери на Сојузот за Србија соопштија дека тие прифаќаат одговорност. Дел од белградски медиуми јавија дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ се наоѓа во дворот на полициската станица каде се и демонстрантите.

Лидерот на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас напиша на Твитер дека се упатил кон полициската станица 29 Ноември за да го уапсат заедно со Обрадовиќ, Лутовац и Зеленовиќ.

– Сите ние кои синоќа бевме во РТС преземаме одговорност што баравме од РТС да почне со вистина да информира, наведе Ѓилас.

Милан Мариновиќ, претседател на Прекршочниот суд, изјави за Танјуг дека момчето било осудено по итна постапка заради прекршок – „дрско и безобразно однесување извршено во група“.

Тој ќе биде испратен веднаш во затвор за извршување на казната бидејќи жалбата на таа одлука не го одложува извршувањето, но, секако, има право да се жали, додаде Мариновиќ.
Тој истакна дека во Прекршочниот суд има уште четири лица и дека до крајот на денот судот треба да донесе одлуки за нивните предмети.

„Надвор од неговата надлежност Небојша Стефановиќ, со својата наредба, ги доведе во животна опасност граѓаните и самите полицајци, се вели во соопштението на синдикатот.

Синдикатот на полицијата ги повика демонстрантите да не ја напаѓаат полицијата, туку да покажат почит, а полицијата ќе биде на страната на народот.
„Полицијата треба да се придржува кон Уставот и законите, а не волјата на политичарите“, се вели во соопштението

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Балкан

Македонија