Заев: Го разбирам гневот на јавноста, поради непотизмот но и поради храбрите потези со името, двојазичноста и договорот со Бугарија рејтингот ни падна за шест отсто, од 11 на 5 посто предност пред ВМРО ДПМНЕ

Објавено на 13.03.2019 во 23:16:25 часот | Македонија

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 откри дека според последните испитувања на јавното мислење, рејтингот на власта е паднат за шест отсто.

-Ако водевме 11,9, сега водиме 5,9. А ВМРО-ДПМНЕ е фиксирано. Одредени слабости на власта наштетија. Ние сме паднати 6 посто, ако се тешиме Ципрас падна 11 посто. За тоа придонесоа храбрите одлуки како уставните промени и Законот за јазици, но и одредени слабости, како непотизмот и тоа прави штета на владејачката гарнитура. Јас сум искрен човек и тоа тешко се надоместува. Но, ако не ги повторуваме грешките мислам ќе успееме. Пораката е примена и сега на нас е тоа да го поправиме, рече Заев.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет