ТРИЧКО ДО МИЛЧИН И ГЕРОВСКИ: Олабавете се малку, појдете на пиво или по риба или в театар, кулирајте, оставете ја Македонија, макар за момент, ослободна од вашето внимание и грижи

Објавено на 13.03.2019 во 18:18:18 часот | Македонија

Branko Trickovski
22 hrs · 

Ко то хистерише!?

Замислете ја каквоќата на умот (Стојадиновиќ) која од една ваква изјава и еден ваков капитален самопотврдувачки документ и контекст, може да произведе негативна хистерија и ултимативна, душеболна и срцепарателна морализаторска експресија за наводната пропаст на македонскиот јазик. За што (за пропаста, односно за откажувањето) никој нема право, како што убаво вика Милчин, а потврдуваат Ристиќ и една непрегледна колона вкоренети во јазикот мрчатори.

Откако видоа дека по однос на националното прашање Преспанскиот договор наместо да ги предизвика драматичните однародувачки шокови што тие ги најавуваа, ја лансира нацијата во центарот на Европа, сега одбиваат да ја сватат разликата со Македонците во грчкиот контекст на Договорот, демонстрираат интегрално македонство и ја палат јавноста со жарчиња врз кои самиот Договор од Преспа, Европа и целиот свет се помочаа за да отворат перспективи, за Македонија, за македонскиот јазик, за македонската нација, за мирот, стабилноста итн. Не е убави вака, драги мои загрижењаци.

Олабавете се малку, појдете на пиво или по риба или в театар, кулирајте, оставете ја Македонија, макар за момент, ослободна од вашето внимание и грижи

 

 

* реклами:

Македонија

Свет