СИЉАНОВСКА НЕ САМО ШТО НЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ГРУЕВИЗМОТ, ТАА Е СИМБОЛ НА ОНИЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ КОИ ГО ОВОЗМОЖИЈА, ПОМОГНАА И УЖИВАА ВО НЕГО!

Објавено на 09.03.2019 во 12:17:10 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Сиљановска не само што не се бореше против Груевизмот, таа е симбол, икона на ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА ЕЛИТА КОЈА БЕШЕ ВО КРЕВЕТ СО ГРУЕВИЗМОТ!

Не само што не се бореа против режимот, тие уживаа, се радуваа како мали деца на режимот!

Затоа што режимот го правеше сето она за што тие сонуваа со децении.

Конечно некој да удри појако по Албанците, по либералите, по левицата...

Конечно некој да му покаже на светот колку голема и славна е МАКЕДОЊА!

Конечно некој да му покаже среден прст на клетиот запад!

Конечно некој да го покаже вечниот непокор кон соседите.

Еквидистанцата на Киро ја претворија во ЕКВИОМРАЗА КОН СИТЕ!

Диктатурата против според нив корумпираните и зебегани медиуми и новинари, полнењето затвори со политички противници кои сами си го барале...

Сето тоа беше остварување на ВЛАЖНИОТ СОН на нашата десничарска неутрална интелектуална елита, МАНУ, УКИМ итн итн...

Сиљановска е симбол за таа струткура, добро е што конечно оваа банда излезе од бункерот и ја фрли камуфлираната униформа зад која се криеја 12 години.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија