ЈАС НЕ СУМ ЉУБИТЕЛ НА ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР, НО ПОТЕЗИТЕ НА МИЦКОВСКИ И ЛУЃЕТО ОКОЛУ НЕГО МЕ ТЕРААТ ДА ПОМИСЛАМ ДЕКА ЗАЕВ И ГРУЕВСКИ ИМААТ НАПРАВЕНО НЕКАКОВ ДИЛ!

Објавено на 08.03.2019 во 23:03:39 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не сум љубител на теории на заговор, ама постапките на лидерството на ВМРО ДПМНЕ па и на оваа Сиљановска ме ставаат во голема недиумица.

Што им е на овие луѓе?!?!

Потезите на лидерството на ВМРО ДПМНЕ се толку политички самоубиствени, толку му одат во прилог на Заев, што нема друго објаснување освен овие две:

- Или се тие сосема случајно сите заедно ретардирани и политички анти таленти и тешки копуци кои од политика се разбираат колку што јас се разбирам во Латино танци

- Или овие тешки кретени намерно се поставени од Груевски да ја водат ВМРО ДПМНЕ за СДСМ да владее едно 10 години без проблем а за возврат Заев да го пушти Грујо да избега за Будимпешта.

Нема трето. НЕМА! Знаете ли зошто?

Мицковски и тие копуци околу него можат за само еден ден, со само една изјава од 5 минути да ја превртат политичката сцена во Македонија. И тоа само со овие 5 реченици.

1. ВМРО ДПМНЕ се извинува за владеењето на Груевски и тогашното раководство на ВМРО ДПМНЕ. Тоа не смее да се повтори.

2. Го тргаме Никола Груевски од почесен претседател.

3. Македонија мора да биде пријател со Албанците, Грците и Бугарите и со западот, мораме да бидеме конструктивни и разумни, немаме друга опција.

4. СЈО треба да работи до крај и ја има нашата целосна поддршка.

5. ОЈО мора да го расчисти 27-ми април, тоа е срам за Македонија и срам за ВМРО ДПМНЕ, тоа никогаш не смее да се повотори.

 

И после овој прес и овие 5 реченици, утре ќе се разбудиме со анкети во кои Мицковски ќе му води на Заев 30 спрема 20!!!

И крај ќе биде со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе се врати пак на власт.

НО ЗОШТО ВМРО ДПМНЕ НЕ ГО ПРАВИ ОВА?!?! Е ЗОШТО ДЕ?!?!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија