(ВИДЕО) ПАК ЈА УТНАВМЕ РАБОТАТА ПО СТОТИ ПАТ: ЌЕ НАВИВАМЕ ЗА НЕА, ТАМАРА СИТЕ ЈА САКАМЕ, НО ТЕШКА МРАЧНА ДЕПРЕСИВНА ПЕСНА ОДБРАЛЕ, ЕВРОВИЗИЈА НЕ Е ТАКОВ ВЕСТИВАЛ ЗА ВАКВИ ПЕСНИ!

Објавено на 08.03.2019 во 22:17:02 часот | Македонија

Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud) на Тамара Тодевска, македонски претставник за Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва во централните вести на јавниот сервис.

Главна ѕвезда на музичкото видео на Тамара е нејзината тригодишна ќерка Хана.

– „Горда” им ја посветувам на мојата ќерка и на сите што насекаде се борат за своите соништа, верувајќи во нивната величина. На 16 мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една ноќ во годината, ќе му покажеме на светот дека „Јас сум горда!“ е секогаш посилно од „Никогаш нема да бидеш доволно добра – вели Тамара.

Музичкото видео вклучува и камео-појавувања од жени кои ја инспирирале Тамара, докажувајќи дека соништата се остваруваат.

„Горда“ e авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.

Очигледно е дека тимот на Тамара игра на картата на моментот во светот на феминистичкиот активизам кој е тренди, но сепак Евровизија ја нема таа длабина, тоа е нешто како Ѕвезде Гранда само малце во ЛГБТ варијанта, значи обично шоу каде победува најголемиот спектакл било да е некој чудак, транвестит качен на штикли од пола метро, рокери кои голтаат моторни пили или некоја/некој секси пеач/пеачка од кој на сите ќе му потечат лиги пропратени со одлични вокални квалитети и мега песна која е инстант хит и сите го пеат рефренот после првата минута...

Оваа песна го нема тоа.

Тешки активистички длабински песни тамо не поминуваат.... Дај боже да грешиме и Тамара да изненади со некој јак сценски настап и другите песни да не бидат јака конкуренција, но тешко дека тоа ќе се случи, над 20 или 30 земји, мора да има тука едно 5-6 мега хитови кои ќе се борат за првите места...

Трендовите во поп музиката се сосема други. Тимот на Тамара требало да копира некоја од Албанките кои растураат на светската сцена со хитчиња кои се вртат на светските радио станици од утро до вечер, па дури и на тешки таму како психичко растројство, песните се пак лесни и забавни, еве на пример Ава Макс:

Тамара е најмалку крива за ова, таа е само одлична пејачка со одличен глас, тие црепови околу неа што го водат тимот на МТВ за Евровизија се за утепуење. Си прават приватна забава, кога веќе трошиме 200-300 илјади евра за оваа заебанција, требало бар да направат домашен избор па да се забавуваме неколку дена да гласаме да се глупираме и така кој победи нека иде, народот нека каже а не 5 души собрани тамо во некое студио на МТВ.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет