(ВИДЕО) УШТЕ ЕДНА СИМБОЛИКА ДЕНЕСКА: МИЈАЛКОВ ЗАМИНА ВО ЗАТВОР, ФИЈАТ ЦАНОВСКИ ПОЧНА СО ПОВТОРНО ГРАДЕЊЕ НА КОСМОС, НАЈГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО ЗЕМЈАВА, ВКУПНО 60 МИЛИОНИ ЕВРА!!!

Објавено на 08.03.2019 во 17:17:01 часот | Македонија

ФИНЕ ДОО и Фијат Цаноски од денес ја започнуваат градбата на комплексот КОСМОС. Компексот КОСМОС чија градба треба да заврши најдоцна до почетокот 2021 ќе биде најелитниот станбен комплекс кој е некогаш изграден во Македонија. Ивестицијата на комплексот изнесува близу 60 милиони евра. Сместен покрај реката Вардар, во населбата Ќерамидница, комплексот е предвидено да биде како град во град.

Целиот комплекс се гради врз елаборатите за енергетска самоодржливост со што ќе се придонесе кон заштитување на животната средина и елиминирање на над 40 тони CO2 годишно кои инаку би биле испуштани во атмосферата. На овој начин се придонесува и со проблемот со загадување кој го има Скопје посебно во зимскиот период. 

Големата зграда- седумнаесеткатница од комплексот, ќе биде поделена на пет ламели, а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе има и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно.

Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. „Постои навистина голем интерес за купување станови во „Космос“. Тоа причинува големо задоволство затоа што целиот објект се гради по многу високи стандарди, со квалитетни материјали и добро е што купувачите тоа го ценат и покажуваат интерес за живот во ваков мини град.

Во долниот дел од големата зграда на „Космос“ ќе има деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат ќе има луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500 до 2.000 квадратни метри. Од него ќе може да се гледа целата панорама на Скопје.

Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, а ќе има и детска градинка.

Меѓу двете згради, кои ќе бидат оддалечени 120 метри, ќе има парк и шеталиште. Паркирањето е решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот е предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-плацови, така што ќе бидат задоволени потребите на станарите.

Комплексот е 800 метри оддалечен од централното градско подрачје а со изградбата на придружната инфраструктура и мост со кој се поврзува со транспорниот центар, станарите за 10 минути пешачење ќе бидат на главниот плоштад.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет