(ВИДЕО) Тодоров: Одлуката на Мицкоски да го бојкотира референдумот беше негов лош потег

Објавено на 07.03.2019 во 23:34:18 часот | Македонија

 

Јас заминав од политиката кога мојата партија и лидерот Мицкоски решија да го бојкотираат референдумот што е спротивно од партиската и мојата западноевропска ориентација, изјави вечерва за тв 24 Никола Тодоров екс министер од владата на Груевски, сега адвокат.

Со Груевски тврди дека не се скарал никогаш а со Мијалков се скарал кога тој застанал зад Мицкоски како лидер а не идејата на Тодоров со партијата да раководи колективно тело.

Тодовор и вечерва отворено искажа противење и го оцени како грешка изборот на Мицковски за лидер.

Тврди дека немал лидерски амбиции но се повлекол за да дојдат нови луѓе и партијата прво да се демократизира па после да се избере лидер.

Потврди дека од прва рака слушал од западните политичари дека ВМРО-ДПМНЕ фатила антизападен курс, вели дека се обидувал да им докаже дека не е баш целосно така но периодот бил тежок и за државата и за партијата.

Тодоров призна дека во периодот на нивното владеење имало доста добри работи но имало и помалку добри и лоши.

Јас се извинив што тогаш го туркавме законот за абортус сфатив веројатно заради моќта дека сум згрешил лично, не зборувам за другите од ВМРО ДПМНЕ. Но треба да се научиме тоа што е добро тие новите да го продолжат а негативните работи да им бидат поука да не ги повторат, рече Тодоров.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет