Ирена Мулачка од Фокус ја доби наградата за најдобра истражувачка сторија на ЗНМ за потресната сторија за домот за старци во Радишани каде старци биле мачени и тепани!

Објавено на 07.03.2019 во 19:30:42 часот | Македонија

Новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка е добитник на наградата за најдобра истражувачка приказна „Јашар Еребара“, која ја доделува Здружението на новинари.

Станува збор за серијалот приказни за Домот за стари лица во Радишани, „Бранкица“, во кои пациентите добиваат најлош можен третман. Домот во моментот не работи поради донесени решение од Министерството за труд и социјална политика.

Најреволтирани се соседите што живеат во непосредна близина на домот, кој го нарекуваат „Дом на пеколот“, бидејќи според нив, болните и изнемоштени лица сместени таму се третирале на најлош можен начин, биле малтретирани и тепани, при што многумина од нив се обиделе и да избегаат.Тие уште додаваат дека нивните деца и внуци се сведоци на постојани лелеци и апели за помош кои доаѓаат од домот, а многу често се сведоци и на тоа како покојните лица во ковчези ги изнесуваат од таму. Според нив, во таква урбана средина не смее да постои таква установа.

Наградата за најдобра истражувачка приказна ја доби и новинарот на ТВ24. Сунаи Сабриоски, а наградата за животно дело и припадна на новинарката Менче Атанасова Точи од НОВА за својот целокупен придонес во истражувачкото новинарство.

Од оваа година ЗНМ доделува и награда за најдобри стории за дописниците, кои награди ги добија Светлана Дарудова и Сузана Мицева.

Здружението на новинари на Македонија, со ова одбележува 73 години од своето постоење.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет