ОД СЕГА НАТАМУ САМО ВИША СИЛА ЌЕ ВЕ СПАСИ: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот адвокат добија последна опомена од судот!

Објавено на 07.03.2019 во 18:09:22 часот | Македонија

Последен пат дозволувам одлагање на рочиштето „Талир“. Повеќе од ниту една причина, освен од виша сила, нема да има одлагање. Ве опоменувам дека ако се случи уште еднаш одлагање ќе следуваат казни и надоместок на сите трошоци. Ова денеска на неуспешниот старт на рочиштето за „Талир“ го изјави судијата Осман Шабани.

 

Судијата го упати овој усен укор кон портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој денеска како претставник на партијата рече дека во суд прв пат доаѓа, бара одлагање бидејќи нивниот законски бранителот, адвокатот од Штип Дончо Наков, не бил во можност денеска да присуствува на рочиштето.

Во „Талир“ обвинети се 14 лица за нелегално финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. По барање на СЈО замрзнат е и дел од имотот на партијата, меѓу кои и на зградата во која е штабот на партијата. Ова афера беше објавена на 22 мај 2017 година кога прво СЈО ги осомничи, а потоа и обвини сите 14 лица, меѓу нив и бегалецот, екс премиерот Никола Груевски. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека се работи за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за основано сомневање дека првоосомничениот, претседателот на партијата, во период од 2009 до 2015 овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби.

– Има основано сомневање дека првоосомничениот прифатил пари и со помош на другите осомничени лица овозможил акумулирање на финансиски капитал за потребите на партијата преку перење пари. Во случајов станува збор за злоупотреба на службената потреба и овластување. Има основано сомневање дека парите потекнуваат од сторено кривичното дело сторено од група лица што преку месните организации на партијата овозможиле перење пари, со внесување пари на партиската сметка преку готовински уплати како лични уплати – рече тогаш Фетаи.

Од 2009 до 2015 на овој начин уплатени биле 301.531.662 денари (4,9 милиони евра). Дел од осомничените овие пари во завршните сметки ги прикажувале како донации. Парите биле трошени за трошоци за маркетинг, за плаќање сметки, за купување недвижен имот. Од 2009 до 2015 биле склучени 71 договор за купување недвижен имот, платен од овие незаконски стекнати пари. Дел од имотот не бил во функција на остварување на целите на партијата и не се користи за партиски цели, без партиски обележја. 11 лица сториле кривично дело перење пари, од кои 9 лица биле директни извршители, а двајца биле помагачи. Фетаи рече дека ова не бил единствениот начин на финансирање.

– Првоосомничениот овозможил за ВМРО-ДПМНЕ да бидат обезбедени услуги од ГП Бетон Скопје преку јавна набавка. Има основано сомневање дека второосомничениот склучил договор за коинвеститорство од 79 милиони денари, а вкупните вложувања на Бетон биле 556 милиони, од кои 442 милиони била вредноста на објектот, а 131 милион денари биле уплатени на сметка на партијата на име регулирање на меѓусебните права и договори за коинвеститорство. Ова всушност било донација на Бетон за ВМРО-ДПМНЕ. Според законските одредби, преку договор за јавни услуги, оваа компанија не можела да биде и донатор. Првоосомничениот тоа не го спречил. Има основано сомневање дека 5 лица извршиле кривично дело злоупотреба на службената должност, од кои двајца биле директни извршители, а тројца помагачи. Вкупно осомничени се 14 лица, а идентификувани се лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја искористиле партијата и за лични мотиви – нагласи тогаш таа.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет